Марин: Зграда пред Мајчин дом не треба да има, ги поддржувам граѓаните во протестот

И по неуспохот да ја сопре изградбата на деветкатница кај Мајчин Дом, градоначалникот Златко Марин, нема да поднесе оставка како што бараат жителите, ги исцрпел сите правни можности за да ја сопре градбата, но вели дека е на страната на жителите.

„Заедно ја почнавме битката, заедно ќе ја продолжиме, поднесени се 13 претставки до Уставниот суд за овој објект, таму зграда не треба да има“, рече градоначалникот Марин и повтори дека повтори дека претходната Влада ненајавено го донела урбанистичкот план И-10. Но, досега нема никаква одлука.

На прашањето зошто не ги применил советите што и самиот му ги даваше советите на претходниот градоначалник, сопственикот на працелата да се обештети или да му се понуди нова локација, Златко марин одговори дека тоа е прескапо.

„Во неформален разговор, утврдивме дека цената на парцелата е два милиона и седумстотини евра, а на тоа треба да се додаде и прогитот што би го имал доколку би изградил зграда, што за општината беше прескапо. Требаше да се одвои огромна сума пари што ќе ја блокираше општината на најмалку 4 години“, рече градоначалникот Марин.

За да не се повторуваат вакви градби во општината, тој најави формирање на Совет за урбанизам во општина Аеродром, во кој ќе членуваат експерти за урбанизам, планери и граѓаните.