Марин доби посебно барање од најмлади жители на општината (фото)

Градоначалникот на општина Аеродром, Златко Марин, денеска доби писмо со едно посебно барање од најмлади жители на општината.

-Сакаат нов парк во нивното маало, каде ќе можат да се дружат и да играат. За нас нивните потреби секогаш ќе бидат на прво место. Општина Аеродром со последниот ребаланс на буџетот издвои средства за изработка на проекти на три нови паркови во Стар Аеродром. Продолжуваме понатаму! Создаваме општина во која нашите деца ќе можат среќно да растат и да се развиваат, напиша градоначалникот на општина Аеродром на својот Фејсбук профил.