Марија Шерифовиќ го презакажа концертот во Скопје поради трагедијата во Нови Сад

Познатата српска пејачка и миленичка на публиката Марија Шерифовиќ го презакажа концертот во Скопје во знак на солидарност со семејствата на загинатите во Нови Сад.

- Толку сум уморна од снимање вакви пораки. Веќе не знам ни што да кажам, ме болат градите, се чувствувам ужасно. Нема доволно голем збор да изразам колку ми е жал за се што се случи во Нови Сад. Срцето ми е со секој член на семејствата на било кој што загинал, или се бори за живот или на кој било начин е загорзен од тоа, рече Марија во своето видео-обраќање на Инстаграм.

- Поради тоа што во мојата земја Србија е Ден на жалост, донесов одлука да не пеам во Скопје. Апелирам до моите фанови да ја разберат мојата одлука, важно е само да сме добро, да сме живи и здрави, секогаш ќе има пеење, порача Шерифовиќ видно тажна и потресена од трагедијата. 

Концертот е презакажан за 10.ноември на истата локација.