Марихуана пронајдена кај 23-годишна девојка во Карпош и кај момче во Ѓорче

Во две одвоени интервенции на полицијата, вчера на подрачјето на Скопје е пронајдена и одземена марихуана.

На 02.10.2022 во 22.15 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ја лишиле од слобода Д.Г.(23) од Скопје затоа тоа што кај неа била пронајдена и одземена марихуана.
Во друг случај, вчера во 16.30 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.В.(23) од Скопје затоа тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По документирање на случаите против двете лица ќе биде поднесена соодветна пријава.