Марихуана и кокаин пронајдени кај 28-годишник од Врапчиште

Марихуана и кокаин биле пронајдени при полициски претрес во дом и помошни простории во селото Врапчиште, а од слобода бил лишен 28-годишен маж.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, претресот бил извршен на 9 октомври, во периодот од 20:40 до 21:50 часот, врз основа на судска наредба. Во акцијата учествувале полициски службеници од Мобилната единица „Таск Форс“, Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар и Полициското одделение Галате.

При претресот биле пронајдени и одземени едно пакување со марихуана, епрувета со алуминиумска фолија во која имало кокаин, како и уште една кеса со кокаин.

Од слобода бил лишен М.А. (28) од Врапчиште.

„По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок“, информираат од МВР.