Марихуана, хероин и други предмети пронајдени при претреси во Охрид - уапсени две лица

Вчера во Охрид, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид ги лишиле од слобода Р.С.(50) и С.Б.(46), двајцата од Охрид.

Од МВР информираат дека при претрес во домот на Р.С., извршен по судска наредба, полициските службеници пронашле и одзеле марихуана, две дробилки со остатоци од марихуана и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.

Додека, при претрес во домот на С.Б., извршен исто така со судска наредба, полициските службеници пронашле и одзеле марихуана, шприц исполнет со кафеава материја, дробилка со остатоци од марихуана и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.

„По целосно документирање на настаните, против двајцата ќе бидат поднесени соодветни пријави“, посочија од МВР.