Маричиќ му ја предаде министерската функција на Тупанчески

Поранешниот министер за правда Бојан Маричиќ денеска во Министерството за правда му ја предаде министерската функција на својот наследник Никола Тупанчески, при што му посака среќа и успех во извршувањето на функцијата, со уверување дека ќе продолжи темпото на спроведување на реформите кои се од круцијално значење за напредокот и евроинтеграцијата на државата.

Информирајќи за примопредавањето на функцијата, Маричиќ во објава на Фајсбук наведува дека во изминатиот период со Стратегијата за реформа во правосудниот систем 2017-2022 и реализирањето на законодавната агенда направен е чекор напред во функционирањето на правосудството.

– Верувам дека ќе продолжи темпото на спроведување на реформите, бидејќи од суштинско значење за напредокот на државата и за евроинтеграцискиот процес се оценките кои доаѓаат токму од правосудството. Среќно колега, напиша на неговиот фејсбук-профил Маричиќ, кој во новата ќе ја извршува функцијата вицепремиер за европски прашања.