Маричиќ: До нова година закон, за пописот да се спроведе во април догодина

Министерот за правда Бојан Маричиќ најави дека до крајот на годината  ќе биде донесен закон за попис, кој ќе претрпи мали измени во однос на претходното решение кое беше во собраниска процедура пред изборите и тоа во делот на одредбата за стапување во сила, за пописот да може да се одржи во април 2021 година пред локалните избори.
Верувам, додаде министерот за правда, а на тоа ќе работиме во наредниот период, дека до крајот на годината ќе биде донесен закон за да може во април 2021 година да биде спроведен пописот.