Маргинализирани или толерирани предолго? Ромите тема број еден веќе трет ден во Македонија

Македонската јавноста повторно се подели. Овој пат, „за“ и „против“ Ромите кои протестираат и бараат да може да возат без положен возачки испит. Припадниците на ромската заедница се мобилизираа во одбрана на „своите“. Велат дека државата не прави доволно за да се интегрираат Ромите во општеството, од образование, преку помош и субвенции за полесно да дојдат до работа и средства за егзистенција. 

Гласот го кренаа и оние кои се почувствуваа загрозени и понижени од како што велат вечно маргинализираните Роми. На „Твитер“ бурни реакции затоа што не може некој да штеди и печали за да полага, а друг се поминува така притоа да биде закана за безбедноста во соораќајот. 

Еве дел од коментарите на социјалните мрежи: 

- Да, максимална поддршка за сите ранливи групи, без разлика дали се Македонци, Роми, Власи, Албанци...кои се трудат и без да прекршуваат закон се борат за парче леб....ама за некој кој кажува дека не можел да ги научи знаците и затоа треба да вози без дозвола и да не загрозува сите...

- Родители на мои другари немаа пари да им уплатат возачка, па двајца другари студираа и работеа паралелно за да соберат пари. Значи беа студенти и пак можеа да заработат за возачка, па дури и кола да си купат. Ретардирани ли беа тие? 

- Епа баци, фамилии не идат на годишен одмор и штедат пола година за да си ја регистрираат колата, а и да им овозможат на нивните деца да полагаат за возачка.