Мапирани локации за лица со хендикеп во Нерези и Карпош 3

Општина Карпош е прва локална самоуправа на територијата на Градот Скопје, во која се реализира проектот „МАПАТОН“. Станува збор за вклучување на лица со посебни потреби во имплементација на андроид апликација преку приватните мобилни уреди кои тие ги користат и која ќе им овозможи интерактивност во мапирањето на пристапните места.

На иницијатива на УНДП, во рамки на проектот „Услуги за лица со попреченост“, активноста се спроведе во соработка со општината. По информативниот состанок одржан на 9 март, веќе се мапирани дел од непристапните локации во Карпош 3 и Нерези. На овие две места поставени се пристапни рампи за да можат лицата со хендикеп да се движат полесно и побезбедно.

Општина Карпош најавува дека и во иднина при изградба на сите објекти ќе води сметка за пристапноста за да можат лицата со попреченост нормално да функционираат и да ги извршуваат своите обврски.