МАНУ денеска го одбележа својот ден - меѓународното признание „Блаже Конески“ годинава го доби Соња Должан од Словенија

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) денеска со свечена програма го одбележи Денот на Академијата, посветен на научното, културното и уметничкото творештво.

Одбележувањето започне со положување свежо цвеќе пред споменикот на великанот на македонскиот јазик и култура, Блаже Конески.

Во рамките на свеченоста, пригодно обраќање имаше претседателот на МАНУ, академик Живко Попов.

Централен дел од програмата беше доделувањето на меѓународното признание „Блаже Конески“, кое годинава го доби Соња Должан од Словенија.

По повод доделувањето на признанието, пригоден говор одржа и дописниот член на МАНУ, писателот Венко Андоновски.

На свеченоста покрај претставници на научната фела, пристуна беше и претседателката Гордана Сиљановска Давкова, градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, како и поглаварот на Македонската православна црква, г.г. Стефан.