Манијак во парк во Ѓорче Петров: Допирал малолетнички и им нудел алкохол

Возарсен маж вчера недолично се однесувал кон три малолетнички од Скопје.

-На 24.05.2023 околу 16.15 часот во Полициска станица Ѓорче Петров е пријавено дека околу 15.00 часот во парк на подрачјето на Ѓорче Петров, маж на возраст од околу 60 години недолично се однесувал кон три малолетнички од Скопје, ги допирал и им нудел алкохол, соопшти МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.