Манијак пресретнал жена во близина на средното училиште Димитар Влахов, па почнал да ја допира по телото

Манијак пресретнал жена во близина на средното училиште Димитар Влахов, па почнал да ја допира по телото.

Како што информираат од полицијата, вчера околу 16.15 часот, во Секторот за внатрешни работи Скопје Е.Д.Г. (36) од Скопје пријавила дека истиот ден во близина на средното училиште “Димитар Влахов“ додека ја преминувала железничката пруга, односно минувајќи низ поставен вагон од патнички воз, непознато лице (на возраст од 40 до 50 години) ја фатило за рака, ја повлекло кон себе и почнало да ја допира по телото.

Кога Е.Д.Г. здогледала друго лице-случаен минувач, почнала да вика и да бара помош, по што лицето избегало.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

Сите денешни вести прочитајте ги тука.