Манастирот Св. Никола Шишевски близу Матка денеска ги собра верниците – природна убавина која вреди да се посети

Денеска се празнува Св.Никола летен. Православните верници дека одат во манастирот Св.Никола Шишевски, кој се наоѓа во близина на Матка.

Секоја година, на овој ден таму има посебна организација, како и голем број на верници.

Манастирот Свети Никола Шишевски, е сместен високо на една зарамнета тераса на карпите, над десниот брег над вештачкото езеро Матка над реката Треска.

Теренот е недостапен за моторни возила и планински велосипеди и е единствено достапен пеш од три правци: од мостот на реката Треска во близина на кајакарските терени кај манастирот Света Богородица вo Долна Матка (половина час пешачење); од селото Шишево (1 час).

Од врвот на планината Водно (повеќе од 3 часа). Од градот Скопје е оддалечен 18 километри, а од селото Шишево околу 3 километри. Од спротива на манастирот долу крај езерото има прекрасна глетка на позната црква / Манастир Свети Андреја.

Точниот датум на изградбата на манастирската црква посветена на Свети Никола е непознат. Сепак постои податок дека црквата била изградена или обновена во 1345 година од страна на поп Ненад и други ктитори.

Некои од фреските во манастирот потекнуваат XIV – тиот век.

Доколку сте по пешачењето искористете го првиот сончев ден да го посетите овој преубав манастир опколен со неопислива природна убавина.