Мамо, знам зошто си уморна...

Знам зошто си исцрпена. Затоа што чистиш, даваш, се грижиш, работиш. Секое утро си правиш кафе иако знаеш дека нема да можеш да го испиеш на раат. Некој ти ѕвони, некој нешто те прашува, на некој му требаш. Постојано. Растргната на неколку места и тоа постојано, во секоја минута од денот. Понекогаш стануваш пред сите за на мир да се истушираш. Понекогаш остануваш будна откако другите ќе заспијат само за на мир да можеш да земеш здив. 

Знам зошто си исцрпена. Затоа што премногу се грижиш. Затоа што си збунета, затоа што постојано си во гужва, затоа што учиш нови работи, додека животот лета покрај тебе. Трчаш на сите страни за сите да стигнат на време онаму каде што треба, не застануваш, а потоа се прашуваш: „За што е сето ова?“

Понекогаш плачеш заради сето тоа, затоа што мислиш дека никој не те слуша и дека никој не те разбира. Имаш чувство дека една работа мора да ја повториш 100 пати за да те разберат. Знам зошто си исцрпена. Затоа што постојано преговараш. Затоа што се караш. Затоа што викаш. 

Се будиш секој ден и си викаш дека мораш да бидеш смирена. Дека денес нема да изгубиш контрола, но тоа не се случува затоа што постојано си зафатена. Постојано одиш некаде, постојано мора да бидеш присутна, постојано мора да носиш некого некаде, твојот фокус е на минимум, викаш и плачеш. 

Понекогаш се споредуваш со други мајки мислејќи дека си ја изгубила трката. Мислиш дека си ја изгубила трката за тоа која има највеќе енергија, која е најдобро организирана, која постигнала најмногу, но сите тие мајки ја губат таа трка во својата глава. Сите тие имаат свои битки, грижи, проблеми и мислат дека само на нив им е така. 

Знам зошто си исцрпена. Затоа што постојано се споредуваш со нив, затоа што имаш лош ден, час, момент, недела. Но гледај на тоа на друг начин: Ти си мајка и ти за твоите деца си целиот свет. Да се биде мајка е тешко. Тоа што си исцрпена не значи дека не си доволно добра, тоа значи дека се обидуваш и дека мораш да најдеш време за одмор. 

Мора да најдеш време за одмор, ти ги правиш сите работи и се обидуваш да балансираш. Знам зошто си исцрпена. Затоа што си мајка. Која се труди. И затоа, сосема е во ред понекогаш да земеш одмор. Верувај ми.