Мамо што прави штркот кога ќе го донесе бебето? Сине, гледа фудбал, пие пиво...

Балканот полека но оди напред. Стереотипите за алфа-мажјаците почнуваат полека да се топат.

Во случајот со македонското општество, посебно во последната деценија се бележи напредок, кој е последица на успешно спроведените мерки за родова еднаквост, велат социолозите.  Кој колку и што треба да работи по дома? Дали треба да е се 50/50 или треба едниот да е дома другиот да оди на работа?

- Современата жена работи и е успешна исто како и мажот, но, таа успева да ги врши и домашните работи. Таа е машки успешна на работа, но, пегла, пере, готви, го раководи семејниот живот, воспитува деца, ги носи во училиште, градинка, на спортски активности...Кај нас дома работам јас, а споругот кога средувам задолжен е да ги чува двете деца, вели Наде од Аеродром.

-Невработена сум и сите работи низ куќата јас ги средувам. Сопругот, искрено не сака да помога, ептен кога нешто е машка работа како преместување, шкафови тогаш е тука, негово задложение е да пазари, вели Бети од Припор.

-Кога чистиме дома, секој си има обврски. Сопругот собира пајажина, јас бришам прашина..Кога ќе заглавам на работа знае и ручек да направи, пружа алишта...Нема поделба, нема машак, женска работа си помагаме, двајцата, објаснува Марија од Кисела Вода.

-Пред некој ден синчето кое има три години ме праша Мамо што прави штркот кога ќе го донесе бебето? Се насмевнав и му одговорив сине  гледа фудбал, пие пиво... Чудно ме погледна. Па нашиот татко кога има генералка дома пробува да „избега“ со другарите, вели Ана од Маџари.

-Кој како ќе си ја нареди, јас уште од почетокот поставив правила иако мојот маж не сакаше да прифати нешто низ дома да среди, но увиде дека ми треба помош, па така пополека се навикна да помага, вели Ивана од Ченто.