Ќеркичке драга, кога мама ти викаше стани  дојди види како се прави ова јадење, ти ми влеше остави ме мамо,  мене слуги ќе ме служат, ќе си најдам богат маж.

Секој пат кога ќе се почнев да правам нешто барав помош од мојата ќерка, објаснуваќи и дека е жена која ќе мора да го држи семејството, но таа одбиваше е тоа и се одби од глава.

Си најде момче, се заљуби и ми рече: Мамо сиромав е, живее со неговите родители кои се постари, во стан од 50 квадрати знам тешко ќе ми биде ама многу го сакам...Ми падна тешко, а уште потешко од тоа што ти не ни знаеше што те чека ќерко моја убава.

И реков тука сум ако ти треба помош, но немој да ми се жалиш дека ти е тешко, дека не можеш по пижами да прошеташ низ стан, дека те нервираат старинските размислувања, дека ти се мешаат...На почетокот се правеше херој иако си го познавав детето како дише. Ќутев и ја следев роди едно дете, почнаа маките , а и стрите со нивните болести, се растргна на сите страни и кога ќе ми се јавеше длабоко издишуваше и само ќе слушнев: Знаеш мамо чуствувам дека имам 70 години не 34, чуствувам дека носам терет од 100 тони, да ќерко знам ама издржи биди храбра како рекле секое лошо за добро е... Ќе спуштев слушалка и само по една солза ќе ми се стркалаш по лицето, зошто знаев што мака си тргаш, но твојот начин на живот запамни ќерко ќе те направи похрабра, да ги цениш малите нешта, се омажи од љубов ги прифати работите...И на крајот тоа е твојот пат колку на мене да ми се допаѓа или да ме растажува едноствно работите не можам да ги сменам , но тука сум секогаш да му помогнам на своето чедо.