Мамо, јас секогаш ќе бидам твоето малечко девојче!

Уште од првиот ден сакав да бидам како тебе. Од крадење на твојот кармин кога имав две години, до позајмување на маскарата сега кога сум повозрасна, ти секогаш беше личност каква што јас сакав да бидам.

Ти беше мој заштитник и моја најдобра другарка во едно.

И сите мои глупости кои ги трпеше низ годините и се уште ме сакаш за да ме трпиш... ти си една прекрасна жена.

Ти секој ден ме потсеќаш дека ме сакаш и колку се грижиш за мене. И тоа ми е најважно.

Секогаш кога ми недостигаш, се што навистина можам да направам е да погледнам во огледалото, затоа што јас буквално сум слика и прилика на тебе. Ти ме поддржуваше кога ми беше најтешко и кога ми беше најдобро.

Дури и во моите најмрачни денови, ти си моето сонце. Ти ми ја покажуваш светлината на крајот од тунелот, без оглед на ситуацијата.

Ме поддржуваш и поттикнуваш секогаш да бидам подобра. Знам дека имавме кавги, но секогаш ќе те сакам.

Ти си мојата суперхероина!

Знам дека пораснав и дека сега сум повисока, речиси повисока од тебе, но ти се уште мислиш дека не растам. Ти се уште мислиш дека сум твоето бебе и го обожавам тоа.

Се надевам дека знаеш дека без оглед на тоа каде ќе не одведе животот, јас секогаш ќе бидам твоето мало девојче и секогаш ќе бидеш мојот број еден.

Мојата љубов за тебе е бескрајна и тоа е нешто што никогаш нема да се промени.

Единствено можам да се надевам дека еден ден кога ќе имам деца ќе бидам барем половина мајка од тоа што си ти!