„Мама Миа!“ – приказна за љубовта со хитовите на АББА

„Мама Миа!“ е насловот на мјузиклот кој публиката ќе има можност да го види на 13 и 14 февруари во Македонскиот народен театар (20 часот).

Музиката и текстот се на Бени Андерсон и Бјорн Улвеус, текстот на Кетрин Џонсон, а според приказната на Џуди Крејмер, македонската верзија е во режија на Наташа Поплавска. Препевот и преводот се на Тина Трпкоска, диригент е Бисера Чадловска, а кореограф Олга Панго.

Во мјузиклот, преку хитовите на АББА се раскажува комичната приказна за една девојка која е во потрага по нејзиниот вистински татко на еден грчки остров. Во пресрет на нејзината свадба, желбата да го открие неговиот идентитет, ги враќа на островот тројцата мажи од минатото на мајка и, а кои за последен пат го посетиле пред 20 години.

Големата актерска екипа, веселата атмосфера и експлозивните танчерски нумери на безвременските песни на АББА, како и волшебната приказна за љубовта и пријателството, ја прават “Мама Миа!“загарантирана хит-претстава за секој театар.

cheap nike air max 90