Малта - првата земја од ЕУ која се пофали со колективен имунитет

Малта се пофали дека во државата веќе е стекнат колективен имунитет и со тоа станува прва земја-членка на ЕУ која го постигнала тоа. 

Според нивните податоци, над 70% од населението веќе примило барем прва доза од вакцината против ковид-19. 

Во изминатата недела, во земјата беа регистрирани само три нови случаи на коронавирус на ден, а стапката на позитивни тестови падна на 0,2 отсто.

Вакцинирањето е достапно за сите жители постари од 16 години, а доколку ЕМА одобри, ќе почнат со вакцинација и на лица помлади од таа возраст.