Малолетно момче истепано во Карпош

На 14.04.2022 во 21.00 часот во Полициската станица Карпош, Т.Ѓ.(40) од с.Инџиково, скопско, пријавила дека пред трговски центар на подрачјето на нас.Карпош, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од двајца малолетници, од кои едниот од с.Ласкарци, а другиот од с.Матка, скопско.

Извршен бил увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.