Малолетно девојче од Скопје подолго време било следено од врснички, добило и закани

Скопјанка пријавила во полиција дека нејзината малолетна ќерка била следена од три врснички, и добила закани од истите. 

- На 26.09.2025 во 13:30 часот во СВР Скопје, С.П.(44) од Скопје пријавила дека подолг период три малолетнички ја следеле, вознемирувале и упатувале закани на најзината 14-годишна ќерка, додека на 24.09.2025 ѝ упатиле закани преку мобилна апликација, стои во денешниот полициски билтен. 

За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за рачистување на случајот.