Малолетно девојче физички нападнато во Гази Баба

Вчера, во Гази Баба малолетно девојче било физички нападнато од друго малолетно лице.

Во соопштението на МВР се наведува дека на 06.07.2022 во 20.00 часот во Полициската станица Бит Пазар, А.Р.(42) од Скопје пријавил дека околу 19.30 часот на подрачјето на Бит Пазар неговата малолетна ќерка била физички нападната од друг малолетник.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.