Малолетник заврши во болница откако бил нападнат од непознато лице додека пасел добиток

Шеснаесетгодишник бил физички нападнат од непознато лице додека пасел добиток во тетовското село Селце.

Според информациите од МВР, случајот бил пријавен на 9 октомври во 17 часот во СВР Тетово од З.З. (60), жител на селото, кој пријавил дека неговиот малолетен внук бил нападнат околу 15:30 часот.

„На малолетникот му била укажана лекарска помош во Клиничкиот центар во Тетово. Се преземаат мерки за идентификување и пронаоѓање на напаѓачот“, информираат од МВР.