Вчера во 12.55 часот во полициска станица во Струга било пријавено дека на на улица „Боро Калајџиески“ во Струга, малолетник од струшкото село Лабуништа бил физички нападнат од неколку лица.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на напаѓачите и целосно расчистување на настанот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.