Малолетник во скопско Марино нападнат од врсник, друг малолетник ги снимал

Вчера вечер татко пријавил во полиција дека неговиот малолетен син бил нападнат друг малолетник, додека за време на настанот бил присутен уште еден малолетник кој со мобилен телефон го снимал инцидентот.

„На 11.06.2025 во 22.10 часот во СВР Скопје, В.Б.(55) од с.Марино, скопско, пријавил дека во с.Марино, неговиот малолетен син бил физички нападнат од еден малолетник, додека друг малолетник настанот го снимал со мобилен телефон“, стои во полицискиот билтен. 

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.