Малолетник тешко повреден во тепачка на игралиште

Тепчка во која еден малолетник е тешко повреден се случила вчера во скопското село Миладиновци.

Од полицијата информираат дека околу 23 часот кај игралиштето за мал фудбал дошло до нарушување на Јавниот ред и мир помеѓу две групи малолетни лица при што во тепачката со повреда се здобило едно 16 годишно лице.

-Малолетникот бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ каде од страна на лекар констатирана му била тешка телесна повреда, информираат од МВР.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.