Малолетник тешко повреден во сообраќајка во Скопје

На 12.10.2021 во 15.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Благоја Стефковски“, патничко возило „киа сид“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.С.(36) од Скопје, удрило во малолетен пешак од Скопје.

Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.