Малолетник тешко повреден при пад од мотоцикл

Малолетник паднал од мотоцикл при што е тешко повреден. 

Во текот на вчерашниот ден, во 13.00 часот во Полициското одделение Македонска Каменица било пријавено дека во Јавна здравствена установа Кочани со тешки телесни повреди бил донесен малолетник од Македонска Каменица.

Според пријавеното, тој се здобил со повредите на 29.06.2022 околу 17.00 часот на ул.„Гоце Делчев“ во Македонска Каменица, при пад од мотоцикл кој го управувал.

За настанот бил известен Јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од Полициската станица Делчево.