Малолетник тешко повреден по судир меѓу автомобил и мопед

Вчера се случила сообраќајна незгода во Велес, при што еден малолетник се здобил со тешки телесни повреди.

-На 06.06.2023 во 16.45 часот во СВР Велес  било пријавено дека на ул.„Андон Шурков" во Велес се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „опел" со велешки регистарски ознаки, управувано од Н.С.(28) од Велес и мопед „априлија" со велешки регистарски ознаки, управуван од малолетник од Велес, соопшти МВР.

Како што информира МВР, во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот констатирани во Општа болница Велес. 

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.