Малолетник со тврди предмети нападна полицаец во Карпош

Инцидент вчера среде бел ден во скопски Карпош. Малолетеник со тврди предмети нападнал полицаец на должност. 

- На 27.04.2026 во 13:00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје приведоа малолетник затоа што околу 11:40 часот со тврди предмети нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија, информираа од полицијата во дневниот билтен. 

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.