Малолетник со тврд предмет нападнал тинејџер поради недоразбирање во сообраќајот

Синоќа во 22:10 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје привеле 16-годишник од скопското село Горно Количани.

Како што се наведува во полицискиот билтен, малолетникот бил приведен постапувајќи по претходна пријава дека околу 20:45 часот, поради недоразбирање во сообраќајот, со тврд предмет го нападнал А.С.(18) од Скопје.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.