Малолетник со пиштол бил фатен од полицијата во автобус на ЈСП

Полицијата пронајде пиштол кај малолетник во автобус на ЈСП.

На 17.11.2022 во 19.00 часот во автбоус на ЈСП на ул.„Цветан Димов“, полициски службеници од СВР Скопје кај малолетник од Скопје пронашле и одзеле гасен пиштол „Blow“ калибар 9 мм. Лицето било приведено во полициска станица и со него бил извршен службен разговор во присуство на родител, соопшти МВР.

Против него ќе биде поднесен поднесок по член 80 од Законот за оружје.