Вчера во 21 часот во СВР Охрид, било пријавено дека на ул.„Кеј Македонија“ во Охрид, 15-годишник со мотор удрил во двајца малолетни пешаци и во 18-годишната М.И. од Скопје, а потоа удрил во паркирано патничко возило „киа“ со охридски регистарски ознаки, по што веднаш избегал. По преземени мерки од страна на полициски службеници, 15-годишникот е пронајден.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила една малолетничка од Охрид, а со телесни повреди се здобиле другиот малолетник од Скопје, М.И., како и мотоциклистот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид“, соопшти МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.