Малолетник со мотор излетал од регионалниот пат Маврово – Гостивар, со тешки повреди пренесен во болница

Вчера во 18.50 часот на регионален пат Маврови Анови - Гостивар, на место викано „Влајница“, 18-годишниот Ј.А. од Гостивар додека го управувал својот мотор „бмв“ без регистарски таблички, изгубил контрола и излетал од патот.

Ј.А. се здобил со тешки телесни повреди кои му биле констатирани во Ургентенниот центар во Гостивар.