Малолетник со мопед тешко повреден при судир со „бмв“ во Гостивар

Седумнаесетгодишник од гостиварското село Галате е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила во Гостивар.

Според информациите на МВР, несреќата била пријавена вчера во 20:55 часот, а се случила на улицата „Никола Парапунов“.

Во сообраќајката учествувале патничко возило „БМВ“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 26-годишниот М.Ж. од Гостивар, и мопед со гостиварски регистарски ознаки, кој го управувал 17-годишникот од Галате.

Малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, кои му биле констатирани во Ургентниот центар во Гостивар.

Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Гостивар.