27-годишник бил повреден со метален предмет од страна на малолетник при групна тепачка на градската депонија во Гевгелија.
- На 10.11.2024 во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица лишиле од слобода малолетник од Струмица, постапувајќи по претходна пријава дека при физичка пресметка помеѓу повеќе лица на градската депонија во Гевгелија, тој со метален предмет му нанел повреда на М.А.(27) од Кавадарци, со престој во Гевгелија, информираа од полицијата.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.