Малолетник со „хамачи“ прегази 74-годишна жена во Кочани

Седумдесет и четиригодишна жена е тешко повредена во сообраќајка во Кочани откако во неа удрил мотоцикл.

Според информациите на МВР, вчера во 11:00 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на ул.„Тодосија Паунов“ во Кочани, мотоцикл „хамачи“ со кочански регистарски ознаки, управуван од 16-годишник од с.Грдовци, кочанско, удрил во 74-годишната П.Л. од Кочани.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила П.Л., а со телесни повреди се здобил малолетни