Малолетник со електричен тротинет е тешко повреден при судир со такси

Малолетник кој возел електричен тротинет е тешко повреден во сообраќајка во Кочани. 

-На 16.08.2022 во 20.30 часот било пријавено дека во Кочани на ул.„Стево Теодосиевски“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило од такси служба и електричен тротинет управуван од малолетник од Кочани, информираа од МВР. 

Во несреќата малолетникот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничкиот центар во Штип.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кочани.