
Полициски службеници од СВР Тетово лишиле од слобода 17-годишник од тетовското село Брвеница.
Како што информираат од МВР, малолетникот синоќа во доцните часови во селото управувал патничко возило „Хјундаи“ со тетовски регистарски ознаки, при што изгубил контрола над возилото и удрил во бетонски ѕид.
При преземањето мерки и активности на местото на настанот, полициските службеници констатирале дека 17-годишникот го управувал возилото без да поседува возачка дозвола.
Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.