Малолетник со „ауди“ направил сообраќајка откако се судрил со „сеат“ на регионалниот пат Кичево - Осломеј

Вчера во полициската станица во Кичево било пријавено дека малотник кој управувал „ауди“ направил сообраќајна несреќа на регионалниот пат Кичево – Осломеј откако се судрил со возило „сеат“ управувано од 65-годишниот И.С.

„На 02.08.2024 во 18.10 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на регионалниот пат Кичево – Осломеј се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од малолетник од Кичево и патничко возило „сеат“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од И.С.(65) од село Јагол, кичевско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи, констатирани во Медицинскиот центар Кичево“.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево.