Малолетник преживеал хорор во скопска Железара

Малолетно дете од Скопје преживеало вистински хорор во скопската населба Железара.

- Инцидентот се случил вчера во 14,30 часот во Парк „Шума“-Гази Баба каде од страна на двајца малолетници со закана и употреба на физичка сила било извршено разбојништво над нејзиниот 13 годишен син кој бил заедно со неговиот другар при што му биле одземени 50 денари. Истите се обиделе да им ги одземат и мобилните телефони, но оштетените успеале да се оттргнат и да избегаат, соопштуваат од МВР

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.