Малолетник претепан од неколку соученици во основно училиште во Карпош

Малолетен ученик бил физички нападнат од неколку свои соученици во основно училиште на подрачјето на општина Карпош.

Случајот во полиција вчера го пријавила неговата 54-годишна мајка, а нападот, според пријавата, се случил еден ден претходно.

„На 09.10.2026 во 13:30 часот во СВР Скопје, 54-годишна жена пријави дека на 08.10.2026 во основно училиште на подрачјето на Карпош нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од неколку негови соученици. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информираат од МВР.