
Малолетник прегазен во Арачиново.
- На 24.11.2025 во 13:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„1“ во с.Арачиново, скопско, патничко возило „опел зафира“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Р.(49) од село Орланци, скопско, удрило во 14-годишник од с.Арачиново. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, соопштија од полицијата.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.