Малолетник повреден во сообраќајка во струмичко

Вчера во 16.40 часот пријавено е дека на магистрален пат А-4 Струмица-Ново Село во с.Дабиле се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „опел вектра“ со струмички регистарски ознаки, управувано од К.Г.(47) од с.Дрвош, Струмичко, и товарно моторно возило „пежо боксер“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Т.М.(51), во кое сопатници биле Б.М.(44) и малолетник, сите од с.Дабиле, Струмичко.

Во незгодата со повреди се здобил возачот Т.М. и малолетникот, а со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Б.М. кои им биле констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Струмица.