Малолетник повреден во сообраќајка кај Маџари

Министерството за внатрешни работи информира дека, вчера во 13.15 часот било пријавено дека во Скопје, на ул.„Благоја Стефковски“, патничко возило „киа“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.А.(38) од с.Табановце, кумановско, удрило во малолетен пешак од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.