Малолетник повреден во особраќака со мопед во Кавадарци

На 28.04.2022 во 17:05 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на крстосница од улица „Ресавска“ и улица „Пиринска“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „рено меган“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од С.Т.(41) од Кавадарци и мопед со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од малолетник од Кавадарци.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник на мопедот од Кавадарци, констатирани во Општа болница Кавадарци, додека со телесни повреди се здобил возачот на мопедот.

Увид на местото извршила екипа од ОВР Кавадарци.