Малолетник повреден со остар предмет завршил во болница

Малолетник од Скопје бил повреден со остар предмет, па однесен во болница.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот бил пријавен вчера (04.10.2022) во 22.21 часот, а дека повредениот малолетник бил однесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. 

-По преземени мерки било констатирано дека малолетникот на подрачјето на Бит Пазар бил повреден од други двајца малолетници од Скопје, со кои имал претходни недоразбирања - се вели во соопштението на МВР.

Полиција презема мерки за расчистување на случајот.