Малолетник од Скопје силувал две деца од 10 и 9 годишна возраст

На 15.12.2017 година во 16.15 часот во полициска станица во Скопје, четириесетгодишна жена од  скопско село пријавила дека 17-годишник во повеќе наврати вршел полово дејствие врз нејзиниот 10-годишен син.

Во врска со истиот настан, во истата полициска станица, во 21.40 часот, четириесетиосумгодишна жена од Скопје пријавила дека истиот 17-годишник, во периодот од август до пред 10 дена, во повеќе наврати вршел полови дејствија врз нејзиниот деветгодишен син.

Според пријавителите, 17-годишникот бил нивен сосед и во наведениот период, секогаш кога ќе ги видел децата на улица, ги повикувал во подрумските простории на нивна соседка и таму ги вршел половите дејствија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.