Малолетник од Скопје прободен среде улица

Во 17 часот и 55 минути во Единицата за информации и команда Скопје, од Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ - Скопје пријавиле дека било донесено повредено 16-годишно момче.

Околу 15.30 часот, додека малолетникот се движел по улицата „Анастас Митрев“, бил пресретнат од неколку непознати лица кои му побарале пари. Откако им кажал дека нема пари, тие го турнале и со тврд остар предмет му нанеле убодна рана во десната нога, пренесе полицијата.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на напаѓачите и за целосно расчистување на случајот.